Турција со обвинувања: Израел го користи конфликтот за територијално ширење

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го обвини Израел дека го користи актуелниот конфликт на Блискиот Исток како изговор за проширување на својата територија.

Говорејќи на дипломатски форум во Анталија, Фидан изјави дека, според Анкара, израелската политика не е насочена кон обезбедување безбедност, туку кон територијална експанзија.

„Израел не сака да ја обезбеди сопствената безбедност. Израел сака повеќе територија. Владата на Бенјамин Нетанјаху ја користи безбедноста како изговор за окупација на дополнителни територии“, рече Фидан.

Тој посочи дека, покрај палестинските територии – Појасот Газа, Западниот Брег и Источен Ерусалим – Израел, според турските оценки, се обидува да воспостави влијание и врз делови од Либан и Сирија.

„Ова е континуирана окупација и експанзионизам. Ова мора да престане“, нагласи Фидан, додавајќи дека Израел создава „илузија на меѓународно ниво“ претставувајќи ги своите потези како мерки за безбедност.

Во своето обраќање, турскиот министер се осврна и на пошироките геополитички последици, истакнувајќи дека конфликтот на Блискиот Исток ги оттурнал напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина.

„Овој конфликт ја стави војната меѓу Русија и Украина во втор план“, рече Фидан, повикувајќи на продолжување на дипломатските напори за нејзино завршување штом се стабилизира ситуацијата на Блискиот Исток, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close