Читачи на усни откриваат што му рекол телохранителот на Џ.Д. Венс за време на инцидентот


Читачи на усни откриле драматични детали од разговорот меѓу американскиот потпретседател Џеј Ди Венс и неговиот телохранител за време на инцидентот со пукање.

Според анализата, во еден момент телохранителот му пришол на Венс и му извикал: „Трчај, е*ено трчај!“.

Се наведува дека Венс бил збунет од ситуацијата и се обидел да разбере што точно се случува, додека обезбедувањето реагирало брзо за да го извлече од потенцијално опасната зона.

Инцидентот предизвика сериозна загриженост за безбедносните пропусти, а експертите веќе анализираат како дошло до ваква ситуација и дали можела да се спречи.

Настанот повторно ја отвори дебатата за безбедноста на високи политички функционери во САД, особено во услови на зголемени безбедносни ризици.

Back to top button
Close