Белата куќа: „Црвените линии на Трамп остануваат непроменети“
Американскиот претседател Доналд Трамп ги собрал своите советници на состанок на Советот за безбедност на Соединетите Американски Држави, на кој се разговарало за нова понуда од Иран за прекин на војната на Блискиот Исток.

На прес-конференција, портпаролката на Белата куќа, Kаролин Левит, ги образложи условите на САД за евентуален прекин на конфликтот со Иран, повторувајќи дека позициите на Трамп остануваат непроменети.
Таа посочи дека клучните барања на Вашингтон се отворање на Ормутскиот теснец и целосно отфрлање на иранската нуклеарна програма – ставови кои, како што рече, претседателот Трамп повеќепати јавно ги истакнал.
„Црвените линии на претседателот Трамп за Иран се уште се исти и јасни, не само за американската јавност, туку и за Иран. Не би рекла дека го разгледуваат тоа. Мислам дека само дискутираа за темата. Ќе чуете сè за таа тема директно од претседателот“, изјави Левит. објави Скопје1.мк






