Манчестер јунајтед го продолжи договорот со Мејно

Премиерлигашот Манчестер Јунајтед го продолжи денеска договорот со Коби Мејно, јавија светските агенции.
Новиот договор на 21-годишниот играч од средниот ред е со важност до крајот на сезоната 2030-2031 и вклучува зголемување на неговата неделна плата.
Мејно зад себе има 98 натпревари во дресот на Манчестер јунајтед на кои постигна седум голови, вклучувајќи го и погодокот за победата над градскиот ривал Манчестер Сити во финалето на ФА Купот во 2024 година.
Само пред неколку месеци се веруваше дека талентираниот фудбалер ќе го напушти Олд Трафорд поради лошите односи со поранешниот тренер Рубен Аморим, но ситуацијата се промени по назначувањето на привремениот тренер Мајкл Керик во јануари.






