СДСМ: Македонија заслужува вистински слободни медиуми, а не Орбанова пропагандна машина

„Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите. За жал, во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме.

Над 40% од медиумскиот простор е под директна контрола на Орбановата мрежа во служба на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Дополнително владата врши притисок врз независните медиуми. Со приватниот Мосад (Black Cube) се следат и се фабрикуваат медиумски афери против политичките противници.

Повампирени лица кои Мицкоски ги оживеа од периодот на Груевски, како Ивона Талевска и нејзиниот партнер Драган Павловиќ Латас, секојдневно сеат омраза, пласираат болни текстови и навреди кон опозицијата.

Не е тоа слобода на медиуми туку контрола на медиуми од страна на криминална организација.

СДСМ ја поздравува работата на сите независни новинарски пера и секој медиум кој работи професионално и чесно.

Ние сакаме и се бориме за денот кога во Македонија нема да има ниту еден медиум под контрола на криминална група, кога никој од власта нема да се меша во уредувачката политика, кога новинарите ќе можат слободно да известуваат без страв од притисоци, закани и фабрикувани афери.

Слободата на медиумите не е привилегија туку темел на демократијата. Наскоро доаѓа времето на вистината!“, се вели во соопштението на СДСМ кое го пренесуваме интегрално.

Извор: fokus.mk

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close