Судир меѓу „опел“ и велосипед во Виница – повреден 78-годишник велосипедист

Во сообраќајна несреќа што се случила на 2 мај 2026 година околу 17:10 часот во Виница, тешко е повреден велосипедист, соопшти МВР.

Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Крушевска Република“ и „Христо Узунов“ помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од В.Л. (67) од Виница, и велосипед управуван од Ј.Ј. (78), исто така од Виница.

Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Јавната здравствена установа во Виница. По наредба на јавен обвинител бил извршен увид од увидна екипа на ОВР Виница.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close