Руски експерти истражуваат производство на храна во вселената

Руски експерти развиваат модел на град во длабоката вселена со помош на вештачка интелигенција, со цел да ги разберат условите за производство на храна во таква средина, изјави за руските медиуми Андреј Ведерников, шеф на одделот за вселенска храна во Рускиот истражувачки институт за индустрија на прехранбени концентрати и специјализирана прехранбена технологија.

– Само што почнавме и ќе креираме прецизен дигитален близнак на идниот град, каде што ќе ги симулираме сите можни сценарија за производство на оброци за вонземски населби. Тој ќе ги открие сите проблеми со кои ќе се соочиме живеејќи таму – изјави експертот.

Ќе се спроведуваат симулации на условите на Месечината и Марс со помош на модел кој интегрира вештачка интелигенција, рече Ведерников. Целите на проектот се да се утврди како може да се произведува храна, како да се зачуваат посевите, како да се обработува отпадот, и како храната да се готви и консумира во услови на вселенска мисија, додаде тој.

Back to top button
Close