Уапсена е скопјанка, ја затекнале со повредено бебе

Уапсена е 29-годишна скопјанка која е затекната со своето бебе кое имало повреди.

– На 03.05.2026 во 18:00 часот во Полициската станица Карпош, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода С.Д.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно лице“ по член 201 став 3 од Кривичниот законик. Претходно, 56-годишна жена од Скопје пријавила дека пред својот дом ја затекнала пријавената заедно со новороденче кое имало повреди. Детето заедно со С.Д. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар кај новороденчето констатирал повреди, информираат од МВР.

Велат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close