Министерство за правда: Се комплетира документацијата за случајот со Груевски

Министерството за правда соопшти дека постапува исклучиво согласно законите и меѓународните договори, во врска со случајот поврзан со Никола Груевски.
Оттаму информираат дека се преземаат сите потребни чекори за комплетирање на документацијата и нејзино соодветно процесирање во рамки на законската процедура.
Собирањето информации од надлежните судови, како што посочуваат, има за цел обезбедување целосна и точна правна основа за понатамошно постапување. Министерството нагласува дека нема надлежност да ги преиспитува правосилните судски одлуки, туку е должно да постапува по нив.
Во соопштението се додава дека постапките се водат низ институционален процес и во соработка со надлежните органи на Унгарија, без влијание на политички изјави или квалификации.
Министерството за правда останува посветено на владеењето на правото и почитувањето на правниот поредок.
Извор: skopje1.mk






