Вандали кршеле и уништувале на Пелистер за време на празникот

Вандали кршеле и уништувале на повеќе локации низ НП „Пелистер“ и областа Смолево. Искршени се табли на детската патека, оштетни се летниковци, на нив се фрлале камења, а влезовите во НП „Пелистер“ служеле и како паркинг за несовесни возачи. Вандализирани се и таблите на патеката Смолево.

„Националните паркови се најскапиот накит на една држава. НП ‘Пелистер’ претставува жив музеј на богат биодиверзитет чиј носител е моликата како пионерски вид. За зачувување и заштита на ова непроценливо богатство одговорни сме сите ние и мора да бидеме свесни дека секое наше неодговорно однесување претставува директен атак врз самите нас. Пелистер е и наш дом, наше богатство од каде што доаѓа и чистиот воздух и водата за пиење“, изјавидиректорот на националниот парк Иванчо Тошевски.

Тој апелира до сите граѓани да се однесуваат поодговорно кон еден од бисерите на Македонија.

Извор: nezavisen.mk 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close