Шпагети со печурки
Ви треба нешто брзо, едноставно, топло и вкусно…

Состојки:
500 грама шпагети
400 грама печурки
100 грама сланина
3 чешниња лук
250 грама павлака за готвење
магдонос
сол
бибер
Подготовка:
Исецкајте ја сланината и пржете ја на сув тефлон (сланината ќе ја ослободи маснотијата). Додадете го сецканиот лук и веднаш потоа сецканите печурки.Ги динстаме печурките додека не испари целата течност што ја испуштаат. Потоа зачинете ги печурките и додадете ја павлаката. Во меѓувреме, ги вариме шпагетите во солена вода. Додека се варат шпагетите, крчкајте го сосот. Ставете ги шпагетите директно во сосот и додадете малку вода во која се варени. Измешајте и послужете додека се топли






