Во Нови Пазар приведен државјанин на Северна Македонија осомничен дека крадел пари од џамии

Српската полиција го уапси во Нови Пазар, М.З.(66), државјанин на Северна Македонија, поради постоење основи на сомнение дека извршил четири кривични дела тешка кражба.

Тој е осомничен дека од 29 април до 1 мај годинава крадел пари од четири џамии на територијата на Нови Пазар, Тутин и Сјеница, соопшти Полициската управа во Нови Пазар.

Против него е поднесена прекршочна пријава согласно Законот за јавен ред и мир

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close