Фатмир Лимани по најавата за избори од Мицкоски: Сакавте војна, наскоро ќе ви овозможам да се покажете

t

По најавите на премиерот Христијан Мицкоски дека набрзо ќе има избори, стигнаа првите реакции. Една од нив е на министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, кој преку социјалните мрежи сподели објава од профилот „Захир Пајазити“ на која има фотографија од премиерот Христијан Мицкоски, со наслов „Наскоро ќе има парламентарни избори“.

Под фотографијата пишува: „Со Фатмир Лимани сакавте војна, сега покажете колку вредите! Наскоро ќе ви овозможам да се покажете“.

Оваа реобјава треба да се толкува како дел од серијалот реакции на Лимани по неговите несогласувања со лидерите на коалицијата ВЛЕН, чиј член беше како дел од Движењето Беса на Билал Касами.

Пред неколку недели Касами рече дека Лимани не е дел од комбинаториките на ВЛЕН.

„Господинот Фатмир Лимани, и тој многу одамна ги прекина комуникациите со Движењето Беса и не гледам дека во нашето патување во рамките на ВЛЕН тој ќе биде дел од политичките комбинаторики“, рече Касами во гостување на ТВ Алсат.

ВЛЕН в сабота на 9 мај треба и официјално да се претопи во една единствена политичка партија. Според најавите, партијата ќе има колидери – Изет Меџити и Билал Касами, двајца заменик-претседатели – Мимоза Муса и Беким Ќоку, и секретар – Беким Сали.

Back to top button
Close