Мицковски денеска. Од брзи избори вчера до избори ама напролет во 2028 ?!
Премиерот Христијан Мицкоски децидно изјави дека во текот на оваа година нема да се одржат избори. Според него, 2026 година е предвидена како период за клучни реформи и внатрешна консолидација на државата, додека редовниот изборен циклус се очекува во пролетта 2028 година.
„Мојот став е дека оваа година избори нема, објави 4news.mk Оваа година е реформска и година на консолидација. Јас би сакал да имаме редовни избори кои ќе се случат во пролетта 2028 година“, истакна Мицкоски.
Иако приоритет на Владата е реализација на ветените проекти, премиерот нагласи дека неговата партија е во постојана подготвеност за избори, без разлика на терминот на нивното одржување.
Економски приоритети: Главниот фокус на власта останува зголемувањето на економската активност и подобрувањето на животниот стандард на граѓаните.
Мицкоски потсети дека изборите се редовен демократски процес кој според законот се одржува на секои четири години.Во однос на претходните шпекулации за можни предвремени избори, премиерот појасни дека Владата е посветена на испорачување резултати пред да се соочи со гласачите.
пренесе 4 news mk






