Повеќе граѓани на Карпош, Ѓорче и Сарај синоќа пријавиле непријатна миризба на хемиски агенси

Синоќа во периодот од 21:00 до 00:30 часот во СВР Скопје, повеќе граѓани пријавиле дека во Скопје, покрај кејот на реката Вардар, на подрачјата на Карпош, Ѓорче Петров и Сарај, во воздухот се чувствувала непријатна миризба на хемиски агенси.

Во полицискиот билтен се наведува дека за настанот биле известени јавен обвинител, комунални инспектори и инспектор за животна средина на Град Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close