Без струја делови од Кисела Вода и Студеничани

Поради зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците од Општина Кисела Вода и Општина Студеничани, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека од 08:30 до 15:30 часот, денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од улица „Милан Мијалковиќ“ и дел од улица „Кавалска“, во Општина Кисела Вода.
Во Општина Студеничани, од 08:30 до 15:30 часот без електрична енергија ќе биде цело село Морани и викенд населба Морани.






