Зеленски потврди дека е постигнат договор со Русија за тридневно примирје


Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Украина и Русија постигнаа договор за тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници.

– Режим на прекин на огнот мора да се воспостави и на 9, 10 и 11 мај. Украина постојано работи на враќање на своите луѓе од руско заробеништво, објави Зеленски на платформата Икс.

Тој му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и на неговиот тим за нивниот дипломатски ангажман.

– Му се заблагодарувам на претседателот на САД и на неговиот тим за нивниот конструктивен дипломатски ангажман. Очекуваме САД да се погрижат руската страна да ги исполни овие договори, истакна Зеленски.

Претходно, Трамп на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека на негово барање, Украина и Русија се согласиле на тридневно примирје и размена на илјада воени заробеници.

– Се надевам дека ова е почеток на крајот на една многу долга, смртоносна и тешка војна, наведе Трамп, додавајќи дека е постигнат напредок во преговорите за завршување на конфликтот.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close