Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала го погоди југот на Чиле во текот на ноќта, а властите соопштија дека нема опасност од цунами ниту предупредување за населението.
Во 22.34 часот по локално време, земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во јужниот дел на земјата, според податоците на Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Чиле. Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар западно од Ангол, во регионот Ла Арауканија, на длабочина од 42 километри, објави чилеанската телевизија Mega.
Хидрографската и океанографската служба на Чилеанската морнарица (SHOA) ја исклучи можноста за цунами на бреговите на Чиле по земјотресот.
⚠Preliminary info: #earthquake (#sismo) about 20 km E of #Cañete (#Chile) 1 min ago (local time 22:34:08)❗MAGNITUDE NOT AVAILABLE YET❗Updates at:
📱https://t.co/QMSpuj6Z2H
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t pic.twitter.com/0X89r497vp— EMSC (@LastQuake) May 10, 2026
Извор: skopje1.mk






