Откриениот дрон кај Лефкада укажува на можен план за подводна саботажа

Војната меѓу Русија и Украина неочекувано се прошири до Јонското Море, откако во четврток кај Лефкада на брегот беше исфрлен воен „камиказе“ морски дрон наполнет со експлозиви, пишува Екатимерини.
Тој бил опремен со сателитска комуникација „Старлинк“, содржел три детонатори и активни експлозиви.
Истражителите испитуваат дали дронот е поврзан со сомнителни украински операции за саботажа насочени кон руски поврзани нафтени и гасни бродови во Медитеранот. Властите исто така проверуваат дали руски конвој кој патувал меѓу Сицилија и Малта неколку дена претходно бил вистинската цел.
Рибар го открил дронот заглавен во пештера со вклучени мотори и го одвлекол до пристаништето на Лефкада, по што тимови за деактивација на бомби го неутрализирале.
Извор: skopje1.mk






