УНИБанка АД Скопје со втора понуда за одложено плаќање

Во услови на отежната можност за плаќање на кредитните рати, УНИБанка АД Скопје повторно им излегува во пресрет на своите клиенти кои се соочуваат со финансиски проблеми.

Имајќи ги предвид продолжените несакани ефекти од пандемијата, предизвикана од Ковид-19, врз економијата и врз животот на граѓаните, УНИБанка АД Скопје, како општествено одговорна компанија, ќе овозможи втор период на одложена отплата на кредитни продукти.

Понудата се однесува на клиенти – физички лица, кои веќе користат олеснување во отплатата на кредитните обврски, но сеуште се соочуваат со потешкотии поради престанок на работен однос, како и намалени месечни примања на кредитокорисникот.

Услови кои се нудат со Понудата, за кредитни продукти со ануитетска отплата (потрошувачки, станбени и хипотекарни кредити), се:

  •  грејс период на отплата на месечните ануитети (главница и камата) од 6 месеци и
  •  пролонгирање на рокот на важност на договорот, соодветно на одобрениот грејс период. 

Грејс период од 6 месеци е даден и за кредитните картички, а во тој период УНИБанка единствено ќе пресметува и ќе наплатува камата. 

Кај кредитните картички кои достасуваат за времетраењето на грејс периодот, Банката ќе го продолжи рокот на користење за нови 12 месеци.

Кај дозволените пречекорувања кои достасуваат во периодот од 02.09.2020г. до 02.03.2021г., Банката ќе го продолжи рокот на користење за нови 12 месеци.

УНИБанка АД Скопје ја креираше понудата согласно препораките на Народната банка и Уредбата на Владата и на своите клиенти им нуди можност и олеснителни околности во овој потежок економски период, време кога економската кондиција претпоставено е отежната.

Back to top button
Close