Повредени две лица во сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл и електричен тротинет управуван од шестгодишно дете

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека во пелагониското село Добрушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода Х.Т., затоа што при извршен увид е констатирано дека мотоциклот бил нерегистриран и го управувал без возачка дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, потврдија од СВР Битола.

Back to top button
Close