СДСМ: ВМРО не повикува на обединување, туку бара алиби за неисполнување на реформите

ВМРО-ОКГ не повикува на обединување на граѓаните, туку бара алиби за сопственото неисполнување на реформите, стои во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз што МИА ви го пренесува во целост.
За што да се обединиме?
За криминал и корупција?
За блокада на патот кон ЕУ?
За изолација на Македонија?
Може да ги исполни реформите и да ги внесе малцинствата во Уставот, а ние од СДСМ ќе го поддржиме тоа.
Тоа би било вистинско обединување – во интерес на граѓаните на Македонија и во интерес на европската иднина на државата.
СДСМ ќе поддржи сè што е во интерес на граѓаните, но нема да даде алиби за неисполнување на тоа што Мицкоски лично го вети до 1. Јуни.
Мицкоски, уште 12 дена остануваат до уште едно признание – дека организираната криминална група ВМРО всушност не сака во ЕУ.
За сето ова не му е потребен СДСМ, како што не му беше потребен ни за укинување на техничката влада.
Како што кажаа од ВМРО, а Мицкоски потврди, дека можат без нас да ги завршат реформите – нека ги исполнат. Доста веќе лаги и манипулации.
Граѓаните го гледаат тоа јасно.
Реформи сега. Малцинства во Уставот сега. Европа сега.






