Тлото се стресе – земјотрес со јачина од 3,5 ги вознемири граѓаните
Земјотрес со проценета јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на Велес, предизвикувајќи вознемиреност кај граѓаните кои го почувствуваа потресот.

Потресот бил краткотраен, но доволно силен за да се почувствува во домовите, при што дел од жителите изјавија дека забележале тресење на мебелот и благо нишање на објектите. Засега нема информации за материјална штета или повредени
Според Европската макросеизмичка скала, земјотресот бил со јачина од 3,5 степени. Измерен е на длабочина од 5 километри, и на 21 км источно од Скопје, односно 15 км источно од Кисела Вода.







