Лосос од рерна
Ако барате едноставен, а вкусен и хранлив оброк, лососот подготвен во рерна е вистински избор. Подготовката е лесна, а резултатот е совршен и за секојдневен ручек.

Состојки:
- 2 филети лосос
- сол по вкус
- свежо мелен шарен бибер по вкус
- 1 дл бело вино
- 2 лажици маслиново масло
- 2 гранчиња свеж рузмарин
- 1 лимон
Подготовка: Зачинете ги филетите лосос со сол и свежо мелен бибер. Во меѓувреме, загрејте ја рерната на 220 °C и подгответе ја маринадата: во сад измешајте ги маслиновото масло, белото вино, солта и биберот. Во тепсија ставете хартија за печење, филетите лосос наредете ги, со маринадата прелијте го лососот и врз нив наредете тенки кругови лимон.
Печете во загреана рерна на 220 °C околу 20–25 минути. Послужете го лососот топол, со свежа салата. За дополнителна арома, пред сервирање додадете гранче рузмарин и неколку капки маслиново масло.
Фото: Magnific




