Вчера на „Богородица“ се чекало со часови

Новиот европски Систем за влез/излез (EEС-систем) за дигитална контрола на граници и овој продолжен викенд предизвика километарски колони и повеќечасовни чекања на премините од Македонија кон Грција.

Уште од вчера на граничниот премин Богородица со часови се чекало за премин на македонско-грчката граница.

Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисоходис изјави дека примената на овој систем ќе продолжи и покрај поплаките кои стигнале од други земји. За долгото чекање, објасни дека е поради самиот процес кој одзема време, но и поради застарената грчка инфраструктура.

EEС е нов дигитален систем на Европската Унија кој ја заменува класичната контрола со печати во пасошите. Наместо тоа, за државјаните од земји што не се членки на ЕУ и Шенген-зоната, како Македонија, сега се врши електронска регистрација, фотографирање и земање отпечатоци од прсти при првиот влез.

Целта на системот е подобра контрола на престојот во ЕУ, спречување злоупотреби и зајакнување на безбедноста на границите.

Back to top button
Close