Српските критички медиуми Н1 и Нова продадени на фонд кој се поврзува со Орбан
Компанијата „Адриа њуз“ која ги поседува медиумите српските критички медиуми Н1, Нова, Данас, Радар, била продадена на инвестициската група „Алпак Капитал“ која има мнозинско сопствеништво на медиумската мрежа „Еуроњуз“, а се поврзува со поранешниот унгарски премиер Викот Орбан, јавуваат српските медиуми.

„Еуроњуз“ во Србија има репутација на медиум кој е наклонет кон актуелната влада, а во февруари оваа година, „Јунајтед груп“ ги обедини своите медиумски операции во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора и Србија под единствениот бренд „Адриа њуз нетворк“ којашто ги вклучува Н1, Нова С, Данас…
Сумата за која била продадени овие медиуми не е наведена во објавеното соопштение, но се наведува дека „Алпак Капитал“ понудил „највисока вредност, исполнувајќи ги принципите на управување и независност поставени од самиот почеток“, додека пак медиумите претходно објавија дека инвестициската група ќе плати 30 милиони евра за сите медиуми.
Како што објави „Раскринкавање“, зад компанијата „Алпак Капитал“ стои Педро Варгас Давид, додека неговиот татко, Марио Давид, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го нарече негов пријател на крајот од 2025 година.
Марио Давид претходно беше долгогодишен советник на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан






