МПЦ-ОА ги назначи владиците Георгиј и Климент за посетата на Москва по повод роденденот на патријархот Кирил


Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска на седница ја потврди црковната делегација што ќе ја посети Москва на 20 ноември по повод одбележувањето на 80-тиот роденден на рускиот патријарх Кирил.

Како официјални претставници на МПЦ-ОА се определени митрополитот дебарско-кичевски Георгиј и секретарот на Синодот, епископот хераклејски Климент.

Како што пишува порталот Религија.мк, внимание привлекува отсуството во делегацијата на митрополитот преспанско-пелагониски Петар, кој е претседател на Комисијата за надворешни работи на МПЦ-ОА.

Делегацијата е определена од архиепископот г.г. Стефан.

Посетата се одвива во период на несогласувања во православниот свет, особено во врска со украинското црковно прашање и односите меѓу Московската и Вселенската патријаршија.

Back to top button
Close