Путин по разговорот со лидерите на Норвешка и Финска: Русија не сака војна, но е подготвена за неа

Норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе ги отфрли наводите на „Фајненшл тајмс“ дека рускиот претседател Владимир Путин поголемиот дел од 90-минутниот разговор со него и финскиот претседател Александар Стуб го посветил на средновековната словенска историја.
Сторе изјави дека Путин, всушност, зборувал за настаните од 2014 година наваму, а времето што соговорниците го поминале во разговор било приближно еднакво.
LANDOV Раичевиќ: СЈО беше „професионална трагедија“ – ме шокираа прес-конференциите со детали
И Путин се осврна на телефонскиот разговор што во вторникот го имал со Сторе и Стуб. Тој порача дека Москва ја поддржува секоја иницијатива што може да придонесе за обновување на односите со европските земји. Според рускиот претседател, двајцата лидери веднаш му објасниле дека за време на разговорот не ја претставувале Европската Унија.
Во четвртокот вечерта Путин изјави дека Русија не сака војна, но е подготвена за неа, предупредувајќи на последиците од понатамошната ескалација.
„Ако работите отидат предалеку, нема да има победници“, рече рускиот претседател.






