Мицкоски за предлозите на Мерц за „придружено членство“ во ЕУ: Љубопитни сме за овие концепти и идеи
Тие размислувања и тие идеи ние веќе ги слушаме подолго време, не би можел ништо да зборувам додека тоа не стане официјално. Канцеларот Мерц најави ваков развој на настаните уште на Берлинскиот процес, состанокот на Берлинскиот процес минатата година, есента, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарко прашање во однос на предлозите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за „придружено членство“ во ЕУ.

-Јас го коментирав уште тогаш дека ќе се случуваат нови предлози, нови можности во регионот… така што она што можам да го кажам во овој момент е дека љубопитни сме да дознаеме повеќе каква е идејата. Тоа претпоставувам ќе се случи на Самитот кој што ќе го имаме сега во Тиват, од 4-5 јуни. Јас ќе бидам таму и со нетрпение чекам да ги слушнам овие концепти и идеи. Отккао ќе имаме повеќе суштина, тогаш ќе можеме и да зборуваме во јавноста, појасни премиерот.
Во однос на посетата на претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, Мицкоски истакна де тој секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко барање од земја членка на ЕУ.
-Што се однесува до посетата на претседателот на Европскиот совет г-динот Антонио Кошта, можам да кажам дека ние имаме досега исклучително пријателски разговори. Разменуваме мислења, идеи. Секогаш бил конструктивен во насока да се изнајде решение за ова вештачко барање, билатерално барање кое што го има една членка кон Македонија. Се надевам во таа насока ќе продолжиме и во иднина и сигурен сум, на неговото присуство тука и за време на нашата билатерална средба а потоа и на работната вечера ќе можеме да размениме повеќе идеи, да видиме дали може и како да се надмине прашањето, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, рече Мицкоски






