Пожар, нема греење, влага и мувла во „Стив Наумов“, студентите живеат во катастрофални услови, а плаќаат 6.600 денари месечно, алармираат од „Студентски отпор“


Студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје се соочува со сериозни проблеми, меѓу кои нефункционално греење, влага и мувла во собите, проблеми со санитарните јазли и недостиг од топла вода, алармираат од „Студентски отпор“.

Според нивните наводи, иако грејната сезона е започната пред две недели, парното сè уште не е пуштено, а радијаторите испуштаат силни звуци наместо да ги затоплуваат собите. Дополнително, на ѕидовите се појавиле дамки од влага, додека во дел од тоалетите вода тече од таваните.

Од „Студентски отпор“ информираат и дека ноќта на 27 октомври избувнал пожар во бараките поради неисправен бојлер. Според нив, пожарот го изгаснал студент, а сите студенти биле евакуирани.

LANDOV Калиопи: Се шокираме три дена, па забораваме – така ги третираме и нашите музички икони
Тие бараат Министерството за образование и наука, раководството на домот и надлежните институции итно да ги отстранат дефектите и да обезбедат безбедни и пристојни услови за престој.

Од организацијата посочуваат дека месечната цена за сместување изнесува 6.600 денари, што, како што велат, е двојно повеќе од претходно, и бараат институциите да преземат одговорност за состојбата.

Back to top button
Close