Велешката полиција откри нелегално оружје, поднесена кривична пријава
СВР Велес поднесе кривична пријава против О.С. од велешкото село Бузалково поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 26 јануари 2025 година полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија при СВР Велес извршиле претрес во домот во кој живее пријавениот.
При претресот бил пронајден и одземен пиштол „Застава“ со калибар 7,62 милиметри.
По преземените мерки и активности и документирањето на случајот, СВР Велес поднела кривична пријава против осомничениот.






