Син ја претепал мајка си во тетовско, интервенирала полицијата
Полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане го лишиле од слобода 38-годишниот Р.С. од тетовско село, откако бил пријавен дека физички ја нападнал својата мајка.

Според информациите од СВР Тетово, настанот бил пријавен на 31 мај 2026 година во 13:45 часот. Неговата 56-годишна мајка пријавила дека по кратка расправија била физички нападната од нејзиниот син.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.






