(Видео) Избувна пожар во пакистанската амбасада во Белград
Пожар избувна утрово во зградата на амбасадата на Пакистан во белградската населба Дедиње, предизвикувајќи вознемиреност кај жителите на овој дел од српската престолнина.

Фотографии и видеоснимки објавени на социјалните мрежи покажуваат густ чад, кој се издига од еден од горните катови на дипломатското претставништво.
View this post on Instagram
Засега не е познато што го предизвикало пожарот, ниту како избувнал. Надлежните служби сè уште не објавиле официјални информации за причините за инцидентот.
Во моментот нема податоци за евентуално повредени лица, а не е познат ниту обемот на материјалната штета.
Се очекува повеќе детали да бидат соопштени по завршувањето на увидот и истрагата на надлежните органи.






