Ликер од зелени ореви.
Рецепт за ликер од ореви кој е добар за штитна жлезда, грло, дишни патишта, бронхитис, желудник и за зајакнување на имунитетот. Сега е време да го направитe, кој е одличен и здрав.

Состојки:
- 30 зелени млади оревчиња
- 500 грама шеќер или 300 мл мед(1/3 од теглата)
- 1 литар вотка или квалитетна домашна ракија
- 2 стапчиња цимет
- 1 лажица арома на ванила
- кора од еден лимон
Подготовка:
Исецкајте ја кората од лимон. Измијте ги и исушете ги оревите, а потоа исечете ги на четвртини. Измешајте ги сите состојки, освен оревите, во голема тегла додека шеќерот речиси не се раствори. Потоа додадете ги оревите. Цврсто затворете ја теглата и оставете ја да отстои 2 месеци на светло место, но не на директна сончева светлина. Протресете ја теглата секој ден. По два месеци, процедете го ликерот и сипете го во чисто шише. На здравје!




