Експлицитни фотографии од малолетно девојче се ширеле преку мобилна апликација

Четириесет и тригодишна скопјанка пријавила во полиција дека преку мобилна апликација биле споделувани експлицитни фотографии од нејзината малолетна ќерка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 8 јуни во 16:30 часот во СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека по добиената пријава веднаш се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на начинот на кој фотографиите биле споделувани, како и на лицата кои стојат зад нивното објавување.

Надлежните институции работат на идентификување на сторителите, а во интерес на заштита на малолетното лице не се соопштуваат дополнителни детали за случајот.

Back to top button
Close