Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците

Интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство e поднесена од пратничката група предводена од СДСМ, кои наведуваат дека се поднесува поради сериозни сомнежи за системска корупција во ресорот, потврдена со апсења на високи функционери за примање мито и директно загрозување на јавниот интерес, како и, како што се посочува, поради суспензијата на ИПАРД 3 програмата. Опозоциските пратеници во интерпелацијата посочуваат и дека донесените мерки и политики покажале ризик од селективна и нетранспаретна распределба на јавните средства, кои одат директно на штета на земјоделците.
Се очекува на седницата пратениците да ја донесат потребата за носење на Предлог на закон за парничната постапка (*),
Предлог на закон за судска служба, Предлог на закон за јавнообвинителска служба, Предлог на закон за соодветна и правична застапеност, Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за високи раководители, Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, Предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори (*), Предлог на закон за оружјето (*), Предлог на закон за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи(*), Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на закон за соодветна и правична застапеност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила (сите во прво читање).
По скратена постапка се предлага да се донесат Предлог на закон за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерство за внатрешни работи, Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на закон за дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на закон за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски”-Битола, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за судовите, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски- зелени зони, Предлог на закон за изменување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност, Предлог на закон за изменување на Законот за шумите, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште,
Предлог на закон за дополнување на Законот за градење, Предлог на закон за изменување на Законот за урбанистичко планирање, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за договорен залог.
На дневен ред на седницата е и Предлог на стратегија за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија 2021-2031.






