59-годишна жена пронајдена почината во дом во Аеродром, телото дадено на обдукција
Педесет и деветгодишна жена била пронајдена почината во својот дом на подрачјето на скопската општина Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 јуни околу 11:50 часот, по што на местото пристигнала екипа на Итната медицинска помош.
Лекар констатирал смрт кај Д.А. (59), при што не биле забележани видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција, со цел да се утврдат точните причини за смртта.






