Марта Кос: Денеска е мега понеделник за проширување на Европската Унија

Денеска е мега понеделник за проширувањето на Европската Унија. Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување преговори за пристапување во ЕУ во 2023 година. Исто така, ќе затвориме уште две поглавја со Црна Гора, со што ќе се приближиме до половина од сите поглавја затворени, изјави еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

„Ова е ден за славење. Ќе го искористам и денешниот ден да ги повикам кандидатите да продолжат со темпото на реформите“, порача еврокомесарката за проширување.

Таа нагласи дека ако двете земји ги исполнат своите обврски и ЕУ мора да ги исполни своите. Во оваа смисла, Кос рече дека очекува останатите пет кластери двете земји да ги отворат во јули годинава.

„Прво, Украина и Молдавија ќе го направат својот најголем чекор од одлуката за започнување на преговорите за пристапување во Европската Унија во 2023 година. Конечно ќе можеме да го отвориме првиот кластер за двете земји бидејќи тие испорачаа, а сега е време да испорачаме и ние“, изјави Кос

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close