По Фостерот за дури 3.450 денари поскапе лекот ,,мифортик” кој мора да се пие доживотно за телото да не го отфрли трансплантираниот бубрег
Во екот на кампањата за органодарителство, Фондот за здравство и неговата седумчлена комисија за референтни цени продолжуваат да им приредуваат непријатни изненадувања на пациентите.

Иако власта се труди да го прикаже драстичното покачување на цените на лековите во аптеките во позитивно светло, како дел од добра политика за воведување генерички лекови на македонскиот пазар, сепак реакциите од пациентите и од нивните семејства се горки, пренесе Слободен печат.
(…)
Промената во цената за партиципацијата е од понов датум, затоа што располагаме со фискална сметка од почетокот на јуни годинава, кога лекот бил подигнат за 0 денари на рецепт. Има пациенти со трансплантиран бубрег што го примаат овој лек над 10 години, секој ден, како дел од задолжителен протокол со други лекови за да живеат.
Нивните семејства со кои разговаравме, велат дека не им паѓа на памет да го променат лекот, дури и да имаат опција за поевтина генерика, затоа што професорите специјалисти го препорачале токму „мифортик 360“ и затоа што не сакаат да експериментираат со животот.
…






