Претседателот на Парагвај прогласи државен празник по елиминацијата на Германија
Претседателот на Парагвај – Сантијаго Пења, го прогласи вторник, 30 јуни, за национален празник поради пласманот на фудбалската репрезентација на земјата во осминафиналето на Светското првенство, кое се одржува во САД, Канада и Мексико.

Денес, парагвајската фудбалска репрезентација се квалификуваше за осминафиналето на Светското првенство, бидејќи по подобро изведување пенали во Фоксборо, ја победи Германија со вкупен резултат од 5:4. По регуларниот дел и продолженијата, натпреварот заврши нерешено, 1:1.
„Парагвај никогаш не се откажува! Национален празник“, објави Пења на социјалната мрежа X.
„Денес, цела земја слави. Ја слави победата на тимот што го претставува нашиот идентитет: канџите, вербата и силата на една нација што никогаш не се предава“, додаде парагвајскиот претседател.
Канцеларијата на претседателот на Парагвај потоа објави дека во оваа земја е прогласен национален празник како знак на историскиот успех на националната фудбалска репрезентација на Светското првенство.
На 4 јули, парагвајските фудбалери ќе играат против победникот од натпреварот меѓу Франција и Шведска во осминафиналето на Светското првенство





