Вонредна состојба на Онкологија: Поплавен делот за зрачење, исклучени апаратите, пациентка заглавена под јод
Вонредна ситуација има на Клиниката за онкологија, откако бил поплавен долниот кат, каде се врши радиотерапија на пациенти кои се лекуваат од малигни заболувања, пренесува „Скопје1“.

Директорот на Клиниката, Игор Стојковски, за „Скопје1“ потврди дека веднаш по настанот биле исклучени сите апарати, со што е спречена поголема опасност.
„Апаратите се навремено исклучени“, изјави Стојковски.
Според информациите до кои дојде „Скопје1“, во моментот на поплавата една пациентка се наоѓала на третман со јод која не може да ја извадат поради водата.
Во врска со ова, директорот посочи дека Клиниката е во постојана комуникација со Агенцијата за радијациона сигурност и дека нема ниту еден пациент кој е изложен на ризик.
Во меѓувреме, пациенти кои биле во Клиниката сведочат дека по ходниците биле поставени ќебиња и чаршафи за да се впие водата и да се санира состојбата.
Според нив, имало и вознемирен пациент кој реагирал и се заканувал кон дел од персоналот поради настанатата ситуација.
Поплавата е по невремето во Скопје, но не е познато колкава е материјалната штета објави Скопје1.мк






