По Гостивар – забрането да се пие водата и во Валандово
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово ја известува јавноста дека, согласно добиените резултати од извршените анализи од Институтот за јавно здравје – Скопје, во водата за пиење од градскиот водовод во Валандово е утврдено зголемено ниво на арсен.

Поради наведеното, се препорачува водата од градскиот водовод во Валандово да не се користи за пиење сѐ до добивање на нови резултати кои ќе ја потврдат нејзина исправност. Водата може да се користи исклучиво како техничка вода.
ЈП „Комунален сервис“ – Валандово веќе ги презема сите потребни активности и врши дополнителни анализи и контроли на квалитетот на водата, во соработка со надлежните институции. За сите понатамошни резултати и препораки, јавноста ќе биде навремено известена.
Ви благодариме за разбирањето и апелираме до сите граѓани да ги почитуваат дадените препораки до добивање на официјално известување дека водата е безбедна за употреба.






