(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ бара оставки за здравствениот дебалк во Гостивар од министерот Клековски, директорката Андоновска, Миланов – одговорност мора да има

Прес конференција на СДСМ, Јована Тренчевска – потпретседателка

Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните, институциите, системот, целосно потфрлија во заштита на здравјето на луѓето и за тоа мора да има и кривична и политичка одговорност.

Граѓаните мора да ја знаат целата вистина, да знаат што се случило, зошто труењето не се спречило, каде затаиле институциите, зошто нивното здравје беше загрозено.

Сите здравствени институции потфрлиле, тоа е факт.

Загадувањето на водата започнало уште на 25 јуни – значи 22 два дена гостиварчани пиеле загадена вода а никој не презел ништо.

Зошто Центарот за јавно здравје не вршел редовни анализи на водата?

Првите случаи, првите пациени биле забележани на 13 јули, од тогаш по 200 граѓани дневно се пријавувале секој ден.

Зошто, кога бројот на пациенти почнал нагло да расте, никој навреме не ја истражил причината?

Првите детални препораки на здравствени власти се издадени дури на 18 јули, од Институтот за јавно здравје. Значи 5 дена после тоа.

Дополнително, само три дена пред да се открие дека гостиварци пиеле контаминрана вода, Центарот за јавно здравје доставил извештај дека водата може да се пие

 

Наместо брза реакција, итна координација, објавување на резулатите од водата и менаџирање – се случи хаос и целосен институционален колапс.

И наместо здравствените власти да побараат испитување на водата и веднаш да преземат мерки, тоа го право по допрен глас Обвинителството.

Така анализите на водата не се објавуваат, Обвинителството се повикува на „тајност на истрагата”, лекарите и граѓаните не знаат со што се соочуваат, се кријат информации кои мора да се знаат.

Квалитетот на водата за пиење, основното човеково право не е доверлива информација, ниту истражна тајна. Тоа е прашање од највисок јавен интерес и секој граѓанин има право навреме да знае дали водата што ја користи е безбедна.

Навременото предупредување и забраната за користење на водата поради утврдените микробиолошки отстапувања во ниту еден момент немаше да ја загрозат истрагата. Напротив, ќе придонесеа за заштита на здравјето на граѓаните

Но, институциите одбраа да тактизираат, а здравствените власти тие кои треба да се грижат за здравкето на граѓанте, молчеа.

Цената на тоа молчење беше дополнително ширење на епидемијата.

Денес повеќе од три илјади граѓани се регистрирани со симптоми на труење и уште многу кои се лекуваат дома.

Затоа бараме да се утврди целиот синџир на одговорност, од локалните институции до Министерството за здравство.

Бараме политичка одговорност – иитни оставки од:

– Министерот за здравство, Сашо Клековски

– Директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска

– Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство – Оливер Миланов

– Одговорните на Локалните центри за јавно здравје

И од сите одговорни лица кои со своето непостапување, доцнење или прикривање придонесоа оваа епидемија да добие размери какви што денес гледаме.

Јавното здравје е над секој поединец

Здравјето на граѓаните е над секоја процедура.

Одговорност мора да има.

 

Back to top button
Close