На 62 годишната Вера ѝ се слошило во гужвата, доживеала клиничка смрт

Српска државјанка на која и се слошило на граничниот премин „Евзони“ доживеала клиничка смрт, неофицијално дознава „Блиц“. Брзата помош пристигнала по 40 минути, по што таа била пренесена во Градската болница „Ипократис“ во Солун .
Лекарите ѝ дијагностицирале аневризма на мозокот (крварење во мозокот), што предизвикало сериозно оштетување.
Како што неофицијално дознаваме, во текот на следните 24 часа, Вера Линиќ била поврзана на респиратор, а потоа од семејството било побарано согласност за исклучување на уредот, со оглед на тоа што високиот притисок предизвикал неповратно оштетување на мозокот и таканаречена клиничка смрт, објави Блиц.
Нејзиниот син Дарио јавно упати итен апел до сите добри луѓе да им помогнат.
„Ја оживеавме, но е во критична состојба“
„Вчера наутро на грчката страна од границата на враќање, срцето на мајка ми застана, ја оживеавме, но е во критична состојба во Општата болница во Солун. Дали некој има врска таму да помогне, лекарите да дадат се од себе“, апелираше Србинот во инфо групата за Грција.






