Кузеска: Се уште нема документ за водата во Гостивар а нови градови се со отровна вода

На денешната прес-конференција, портпаролката и членка на Извршниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска, обвини дека сè уште нема официјален, потпишан извештај за анализите на водата во Гостивар и побара надлежните институции да ја информираат јавноста кој ја извршил анализата, кој ја потпишал и кои се резултатите.

Кузеска рече дека, според партијата, проблеми со квалитетот на водата се евидентирани и во повеќе други населени места, меѓу кои Крушево, Маврово, Валандово, Лешок и Булачани, како и дека јавноста очекува одговори за состојбите со Лепенец и Вардар.

Од СДСМ побараа да се спроведат анализи на водата за пиење на територијата на целата држава и да се утврди одговорност за сите случаи каде што, како што наведуваат, била загрозена безбедноста на граѓаните.

Партијата побара и кривична одговорност за сите надлежни институции и функционери кои, според нивните тврдења, знаеле за состојбите, а не презеле соодветни мерки за заштита на јавното здравје.

Back to top button
Close