Центком повтори дека Ормуската Теснина е меѓународен воден пат и ИРГЦ нема овластување да диктира рути за слободен сообраќај

– Ормуската Теснина е меѓународен воден пат и Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) нема овластување да диктира рути за слободен и отворен проток на сообраќај, повтори денеска американската централна команда Центком.
Соопштението на Центком е објавено откако, како што самата информира, „ИРГЦ неодамна им се закануваше и се обиде да нападне комерцијални бродови и невини морнари што транзитираат низ Ормуската Теснина“.
„Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) на Иран продолжува да тврди дека меѓународните морнари треба да ги користат само рутите што ги претпочита ИРГЦ“, напиша Центком на социјалните мрежи нагласувајќи дека Ормуската Теснина е меѓународен воден пат.
„Комерцијалните бродови продолжуваат да го користат теснецот со воена поддршка на САД. Од почетокот на мај, силите на Центком им помогнаа на приближно 1.000 бродови и 500 милиони барели сурова нафта да поминат низ тесниот воден пат“, информира командата.






