Пожар избувна во западниот дел на Атина, чадот е видлив од центарот на градот

Пожар избувна попладнево во западниот дел од Атина, и чадот е видлив од центарот на градот, јави грчката телевизија СКАЈ, повикувајќи се на противпожарната служба.

Пожарот избувна околу 15:30 часот по локално време.

Густ чад е видлив од централните делови на грчкиот главен град. Пожарот е лоциран во западниот планински појас на Атина, поради што столбот од чад се издига над урбаната област и може да се види од голема далечина.

Жителите во областа беа повикани да бидат дополнително внимателни преку системот за алармирање за итни случаи 112, но подоцна беше испратена нова порака до жителите на населбите „Афеа Хајдариу“ и „Ано Дасос Хајдариу“ да се оддалечат во правец на „Перистери“.

 

 

Back to top button
Close