(ВИДЕО) Филипче: Власта е исплашена, посегна по децата, организаторите и напаѓачите мора да одговараат

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Ново Село

Денеска сме тука во Ново село поради инцидентот кој што се случи синoќa. Инцидент кој што не требаше да се случи, но кога веќе се случи, благодарение на организираната криминална група на Христијан Мицкоски, не смее и не треба да се премолчи. Беа нападнати млади деца. Млади деца кои што ја говореа вистината. А вистината е дека водата во Гостивар и во половина држава е загадена и не е за пиење.

И кога веќе медиумскиот линч на организираната криминална група не помага, тие физички се пресметаа со децата. Со децата на Ново село, со децата на Македонија, кои што единствено нешто што правеа, ја говореа вистината.

Бараме итна истрага, итна реакција на Министерството за внатрешни работи, итна истрага на обвинителството, кои беа тие луѓе? Затоа што беа активисти на ВМРО, затоа што беа луѓе блиски на Христијан Мицкоски. Тие луѓе кои што посегнаа по тоа да физички се пресметаат со младите деца кои повторно ќе кажам, ја говореа вистината.

Упатувам порака, децата не се сами. Не беа сами синќа, не се сами денеска, нема да бидат сами ниту утре. Ова е знак дека власта е исплашена. Исплашена е заради тоа што излегува вистината за загадената вода, излегува вистината за економијата, излегува вистината за Европа, излегува вистината за тоа дека сега сме слепо црево на Европа.

Доаѓа време на правда и вистина. И ќе одговараат. Ќе одговараат за сите криминали, а најмногу за тоа што посегнаа по децата поради тоа што единствено нешто што децата правеа ќе повторам по трет пат, ја говореа вистината.

Оваа власт нема да не замолчи. Ако ова е порака дека секој кој што мисли различно и кој што ја говори вистината, ќе биде замолчен и со него физички ќе се пресметат, упатувам јасна порака – нема да им успее. Доаѓа време на вистина и правда.

 

Back to top button
Close