Родителите не му дале пари, па тетовец искршил сѐ по дома
На 5 август 2026 година во 08:25 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот В.М. од Тетово.Тој бил пријавен дека во текот на минатата недела, во семејниот дом, им се заканувал на неговите родители со остар предмет. На 3 август, откако родителите не му дале пари, тој оштетил дел од покуќнината, а потоа со остар предмет се обидел да го нападне својот 61-годишен татко.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок






