Млад Македонец со тешка повреда го враќаат од Турција: се подготвува владиниот авион за транспортот

Млад македонски државјанин кој се здобил со тешка повреда – скршеница на вратен пршлен – ќе биде транспортиран од Турција во Македонија со владиниот авион, пренесе „Скопје1“.

Според неофицијални информации, денеска се вршат последните подготовки за летот, откако родителите на момчето побарале помош од македонските институции за негово безбедно враќање во земјава.

Момчето е хоспитализирано во Турција, а поради сериозноста на повредата не може да биде транспортирано со редовен комерцијален лет.

Македонија нема медицински транспортен авион, па затоа се употребува малиот владин авион, со кој момчето пренесено во Македонија, каде што ќе го продолжи лекувањето. Според сознанијата на „Скопје1“, во авионот ќе има и медицински тим кој ќе ја следи неговата здравствена состојба за време на летот.

Владиниот авион нема голем капацитет, а како актуелната, така и претходните влади секогаш кога тргнаа во поход да набават нов, опозицијата секогаш критикуваше. Со тоа, и натаму, секогаш кога има потреба од евакуации, најчесто се користат чартер летови. Поради капацитетите и опременоста, ова е еден од ретките случаи каде владиниот авион може да се искористи.

Back to top button
Close